Осум компании доставиле барање за учество во постапката за доделување концесија за вршење на работите на изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Македонија. Како што соопшти денеска министерството за транспорт и врски, во следниот период следува постапката во која ќе се утврди дали заинтересираните страни имаат соодветна економско–финансиска и техничка способност за спроведување на концесија. Во првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје. Во вториот пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје.
Осум компании доставиле барање за учество во постапката за доделување концесија за вршење на работите на изградба, одржување, наплата на патарина и користење на дел од државните патишта во Македонија.
Како што соопшти денеска министерството за транспорт и врски, во следниот период следува постапката во која ќе се утврди дали заинтересираните страни имаат соодветна економско–финансиска и техничка способност за спроведување на концесија.
Во првиот пакет предмет на концесија се патните правци Крива Паланка – Романовце, Кочани – Штип и Миладиновци – Штип, преку Свети Николе, како и вршење на работите на одржување, реконструкција, наплата на патарина и користење на патните правци Миладиновци – Скопје и обиколницата на Скопје.
Во вториот пакет, се патните правци Стенковец – Блаце и Гостивар – Ќафасан и правецот Гостивар - Тетово - Скопје.
Заинтересираните страни за кои ќе се утврди дека ја имаат бараната способност ќе се поканат да подигнат тендерска документација и достават понуди, односно да учествуваат во втората фаза на постапката
По доставувањето на понудите истите ќе се евалуираат, при што ќе се избере најповолниот понудувач.